Договорените количини ќе почнат да се транспортираат во земјава од средината на ноември до крајот на јануари, најави Ковачевски во изјава за ТВ Сител.
Според него, јаглен ќе се набавува од Косово и Метохија, од каде дневно ќе пристигнуваат по 50 камиони, како и од домашни компании од Берово. Тој најави и потпишување договор за откуп на дополнителни 200.000 тони јаглен од Косово и Метохија.
Владата во вторник прогласи 30-дневна енергетска криза. Според министерот за економија, Крешник Бектеши, одлуката е донесена откако Комисијата за проценка на енергетскиот сектор констатирала дека постои ризик од недостиг на електрична енергија, како и ризик за стабилноста на енергетскиот сектор.