Човекот кој е еден од „креаторите“ на моќниот Ливерпул кој ја освои Премиер лигата по триесет години, а се искачи и на врвот на Европа, по истекот на договорот ќе бара нов ангажман. Едвардс мина десет години во таборот на „црвените“ и сега со отворено писмо се обрати на фановите.
-Ми беше привилегија и имав огромна чест да работам во овие успешни времиња во клубот. Секогаш планот ми беше да се задржам максимално десет години во клубот. Мислам дека дојде време за промени, променивме доста работи изминатиот период, а нови луѓе носат нови идеи, рече Едвардс.
Неговата позиција во Ливерпул ќе ја преземе досегашниот асистент Јулијан Вард, а непозната е иднината на Едвардс. Шпекулациите велат дека тој би можел да добие одврзани раце во новиот, ултра-богат проект на Њукасл Јунајтед.
Инаку, дел од најдобрите потези на Едвардс се доведувањето на Јирген Клоп, Мохамед Салах, Ван Дајк, Алисон, Мане.