На средбата се зборуваше за предизвиците кои го очекуваат Градот Скопје, а Арсовска го информира амбасадорот Гир за приоритетите на новата администрација во наредните четири години со цел креирање на подобар квалитет на живот за граѓаните, но и исполнување и реализација на сите проекти предвидени во програмата на Град Скопје.
Амбасадорот Гир и го честиташе изборот на Арсовска за градоначалник, со желба за успешна работа и проширување и продлабочување на соработката помеѓу Градот Скопје и Делегација на Европската унија во Скопје. Тој додаде дека се надеваат дека Град Скопје ќе продолжи да се развива во насока да стане почист и поеколошки град, град кој нуди подобри услуги и се стреми да прерасне во дигитален град.