– Тие набрзо биле приведени во полициска станица и во разговор со полициски службеници го признале делото. При претрес на две локации, извршени со судска наредба, биле пронајдени одземените пари и други предмети во интерес на истрагата, информира Министерството за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот, против приведените ќе биде поднесена соодветна пријава.