Денеска беше денот кога паднаа сите маски, кога сегашниот режим се самопотврди, кога сите сведочевме и сведочиме кои сме и за што сме, соопшти вечерва Алтернатива.

Денеска конечно беше делегитимиран хибридниот режим СДСМ-ДУИ, додека сега нема законитост со само 59 гласа и пратеник кој се уште е во мистериозни околности. Денеска се потврди дека граѓаните и опозицијата имаа право кога инсистираа на рушење на овој режим кој се повикува во ЕУ со антиевропски механизми. Овој режим денес докажа на кој начин останува на власт; со притисоци, закани и уцени! Но, овој режим нема да опстане и покрај секоја акробација што ја прават, се вели во дописот од Алтернатива.