-Јас БРТ не ветив, јас ветив брз навремен и беплатен превоз и 250 автобуси, БРТ беше на претходниот градоначалник, кој што не беше избран, што би значело дека граѓаните не го одбраа овој проект. Јас ќе се фокусирам само за она за кое скопјани ми дале мандат, порача Арсовска.
Со цел наоѓање идеално решение најави дека ќе одржи состанок со експерти, како и лица кои биле вклучени во активностите. Паралелно се надоврза на нејзиното ветување за слободен јавен превоз за сите граѓани, ветување кое наиде на голем број реакции.
-Луѓето планираат да се селат на Марс и патуваат до месечината, се е возможно, па така возможен е и бесплатниот градски превоз. Имено, станува збор за нешто што е имплементирано во други развиени земји, појасни таа барајќи да и се даде потребно време за реализација.
-Досега не се бараше отчетност за лошото менаџирање, а за мене се бара за два дена мандат, јас тоа што го кажав ќе го реализирам меѓутоа не можам за два дена, првенствено дојдов тука, а половина од вработените се заминати на работа, изјави градоначалничката Арсовска.