И германските стопанственици загрижени за состојбата со недостаток на струја во Македонија, Заев ја донесе државата во неизвесност, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата истакнуваат дека Патрик Мартенс предупреди дека земјава троши двојно повеќе струја од што произведува, и државата се носи во нестабилност.
-Заев наместо да се насочи на инвестиции во енергетиката во изминативе години се насочи на тендерите во РЕК. Наместо да се инвестира во нови машини и механизација за РЕК, струмички камиони вртеа во комбинатот, а фирми блиски до Вице земаа тендери. Во сред грејна сезона на депонијата во РЕК Битола нема јаглен, ТЕЦ Неготино е неспремно, а хидроакумулациите се празни. Заев не знае како да ја реши кризата. Со Заев тонеме, стои во соопштението.