Од општинската прес-служба информраат дека отстранувањето ќе се иврши по поднесено барање од Комерцијална банка со решение заведено под бр. 14-6/117/2 од 12.03.2021 и образложение за небезбедност на минувачите.
– По поднесеното барање од Комерцијана банка, вработени стручни лица од Град Скопје заедно со стручни лица од ЈП „Паркови и зеленило“ го разгледаа барањето и извршија непосреден увид на посочената локација на ден 25.03.2021 година. Притоа е утврдено дека дрвата се суви, со деградирани и шупливи стебла, истите имаат суви гранки кои паѓаат покрај тротоарот каде има голем број минувачии и при посилно невреме постои опасност да паднат и да предизвикаат материјална или друга штета. По наведеното одлучено е истите да се отстранат, посочуваат од општината.
Општина Центар, се вели во соопштението, плански ќе се грижи за зеленилото поради што ќе изработи посебен катастар на дрвја кои што ги има во самата општина. Како што велат, целта е да се знае кои дрвја се за сечење поради старост и небезбедност односно кои не смеат да бидат отстранети.