-Поднесувам оставка од позицијата министер, изјави Хоџа.

Хоџа вели дека Беса сака да биде дел од власта, но не по секоја цена.

– Заедно со двајцата заменици поднесуваме оставка поради нарушување на демократијата на овие избори на чело со оваа Влада која за жал продолжи и вчера со недемократското однесување. Ако во 2016 беше соборен режим, по пет години гледаме дека тие го надградиле режимот. Во Беса работиме на приницип на гордост и достоинство, власта е важна но не по секоја цена, ќе продолжиме со локалната власт во Тетово и Желино, додаде тој.