– Од нив, 73 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 13 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 196 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 235 надвор од населено место, соопшти МВР.
Од Министерството информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила со цел побезбеден сообраќај.