Трговскиот барометар падна на 99,5 поени, од рекордните 110,4 поени во извештајот објавен во август, соопшти СТО. Вредностите над 100 поени сигнализираат забрзување на размената во споредба со среднорочните трендови, а тие го намалуваат нејзиното забавување.
Најмногу падна во тековниот извештај индексот, кој покажува трендови во трговијата со автомобилски делови, додека раст над среднорочниот тренд бележи индексот на авионски превоз. Индексите на трговијата со електронски компоненти, контејнерски транспорт и суровини беа 100 поени или блиску до таа вредност, што сигнализираше раст во согласност со среднорочните движења.
Падот на индексот во последниот квартален извештај е резултат на шокови во понудата, вклучително и доцнење во пристаништата предизвикано од бранот побарувачка за увоз во првата половина од годината, како и нарушувања во производството, особено автомобили и полупроводници, објаснуваат од СТО. Побарувачката, пак, почна да се забавува, забележуваат тие, посочувајќи на пад на индексот на извозни нарачки.
-Заладувањето на побарувачката за увоз може да го ублажи метежот во пристаништата, но заостанатите работи и одложувањата веројатно нема да се отстранат се додека логистиката за управување со контејнери е на или блиску до рекордно ниво, посочуваат во СТО.
Резултатите во голема мера се во согласност со прогнозата на СТО дека обемот на трговија со стоки треба да се зголеми за 10,8 проценти оваа година, а да забави на 4,7 проценти во 2022 година. Изгледите и понатаму се засенети од ризиците кои би можеле да го забават растот, големите разлики меѓу делови од светот и континуираната слабост во трговијата со услуги, предупредува СТО.