Пред зградата има голем број луѓе, а забележливо е присуство и на засилени полициски сили, јави Бета.
Специјализирани полициски екипи ќе проверуваат дали дојавата за бомбата е лажна.
Палатата на правдата во Нови Сад често беше евакуирана од почетокот на годината поради анонимна дојава за бомба, а последен пат тоа се случи на 7 октомври. Секој пат се покажа дека дојавите се лажни.