-Поради оваа логика ние сме најкорумпираната држава во Европа, со најголем број на смртни случаи од Ковид пандемијата со најлошо здравство, со нула странски инвестиции, со најлоша економија и економски изгледи во регионот, и се додека го бараме оправдувањето на ваков начин ние ќе бидеме таму каде што сме, рече Мицкоски.
Мицкоски вели дека лагите на власта се бројни како што беа тие од пред референдумскиот период кој Заев ги кажуваше во јавноста како европско здравство, европско образование кое граѓаните никогаш не го добија, а најновите случувања во Собранието се срам за демократијата.