Конечната одлука за оваа огромна сума на пари треба да биде донесена на Собранието на клубот кое е закажано за во сабота.
Според првичниот договор со банките во 2019 година, „кралскиот“ тим земал 575 милиони евра за да својот стадион го претвори во неверојатен и модерен објект, кој навистина ќе изгледа феноменално.
Целта беше приходите од сегашните 150 милиони евра годишно да се зголемат на дури 400 милиони евра. Претседателот на Реал, Флорентино Перез, најави дека каматните стапки на новата позајмица ќе бидат околу два отсто. Во последната деценија Реал ги зголеми приходите за осум пати, во 2019 година тие изнесуваа дури 800 милиони евра, а во 2020 година клубот заврши во плус и покрај пандемијата на коронавирус.
Реал неодамна покажа како ќе изгледа тревникот на новиот стадион. Просторот може да се прилагоди за саеми, кошарка, тенис и фудбалски натпревари и концерти.
Реконструкцијата треба да заврши во декември следната година, токму за 75-тиот роденден на легендарниот стадион.