Како што информираат од општината, целта на оваа иновативна и кооперативна компанија е да се обезбеди практична настава и обука во сопствените капацитети за учениците од средното општинско стручно училиште „Илинден“.

Меморандумот за соработка го потпишаа градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски и генералниот директор на Аспектус Фарма, Константсин Фраленкоу.

-Потпишувањето на овој Меморандум за соработка произлезе од потребата за соработка на општина Илинден и бизнис секторот во областа на образованието, како една од најзначајните области за развој, подигнување на нормите, вредностите и стандардите во образованието, како и подобрување на квалитетот и ефикасноста на стручното образование во Средното општинско стручно училиште „Илинден“, се наведува во соопштението.

Вакви меморандуми општината веќе има потпишано и со компаниите Витек Македонија ДОО, Кемет Електроникс, Аптив Македонија, Џагатај Кабло, АРЦ Аутомотив Македонија, Јоки, МЕПСО, ОКТА, Џонсон Мети, Ван Хол и Вабтек.