-Затекнавме неколку несоодветни проекти на почетокот на мандатот. Еден од нив беше проектот за новиот Клинички центар потпишан со компанија која беше пред банкрот и тој го раскинавме. Меѓутоа, оваа изградба беше започната, за жал, со нецелосен проект кој бараше многу измени и за кој, не по наша вина, туку поради несогласувања, се води судски процес помеѓу изведувачот и иницијалниот произведувач. Истиот заглави во судски процес, а со тоа и во блокада. Гледајќи дека бавно одат работите, банката на Советот на Европа најави дека ќе се повлече, а во координација со Министерството за финансиии сега се бара друг кредитор. Така што, согласно таа динамика, како ќе се одглави тој процес за да може изведувачот да работи и да се најде друг инвеститор, болницата сигурно ќе продолжи да се гради, изјави Филипче.
Филипче: Сега се бара друг кредитор за изградба на штипската Клиничка болница
Ф
Во врска со реализацијата на проектот за изградба на штипската Клиничка болница, министерот за здравство Венко Филипче денеска потврди дека Банката на Советот на Европа, која беше финасиер, се повлекува поради слабата динамика на изградба.