Тој истакна дека дури и во споредба со пред две или три години, „повеќето мировни мисии се соочуваат со влошена политичка и безбедносна средина“. Дополнително, подеднакво е важно и тоа што конфликтите се „повеќеслојни“, многу често локални и национални, но и регионални и глобални.
Како пример го посочи сиромашниот регион Сахел во Африка, каде се почесто се спроведуваат терористички активности.
Бројни фактори предизвикуваат промени во начинот на функционирање на мировните сили на ОН, почнувајќи од зголемениот број на политички поделби меѓу 193-те земји-членки на светската организација, изави тој.
Се поголем број на конфликти се генерирани од т.н „Засилувачи на конфликти“ кои вклучуваат дигитални технологии, влијание на лажни вести и дезинформации за конфликти и „вооружени групи кои користат се пософистицирани средства за да ги поткопаат мировните операции на ОН“