Претседателот Бајден, на еден ден пред својот 79-ти роденден, беше подложен на рутински колоноскопски преглед, во Медицинскиот центар „Волтер Рид“, во близина на Вашингтон, што според Белата куќа, поминал во најдобар ред.
Деталите за здравствената состојба на најстариот американски претседател во нејзината историја дополнително ќе бидат објавени, соопшти Белата куќа.
-Како што тоа веќе беше случај во минатото, кога претседателот Џорџ Буш во два наврата беше подложен на истата процедура, во 2002 и 2007 година, а во согласност со уставната процедура, претседателот Бајден ќе ги пренесе своите овластувања на потпретседателката во еден краток период, додека се наоѓа под анестезија.
Белата куќа овој здравствен преглед го опиша како „рутински годишен преглед“. Ова е прв ваков преглед врз американскиот претседател од преземањето на функцијата во јануари.
За време на колоноскопскиот преглед, Бајден беше под анестезија, и, како што било случај досега, потпретседателот ја презема власта, што вклучува контрола врз американската војска и арсеналот на нуклеарно оружје.
Харис (57) е првата жена што ја извршува функцијата потпретседател на САД.