Истражувањето е спроведено на примерок од 1123 испитаници на територија на цела Република Македонија.
Статистичкта грешка на истражувањето е околу 2%.
Имено испитаниците на прашањето во кој политичар имаат најголема доверба одговориле дека тоа е Христијан Мицкоски и дека најмногу би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, дури 21,3%, наспроти СДСМ за која би гласале само 15,1% од испитаниците.
На прашањето дали сметате дека Заев треба да си поднесе оставка, дури 61,8% од испитанциите одговориле дека премиерот треба да си поднесе оставка, додека високи 64,3% сметаат дека оваа влада нема да има промени на подобро.