Сточарот од кратовското село Емирица, чии спасување и пренесување беше раскажано од докторот Павле Зафиров, како сведоштво за немањето одговор од ниту една институција, веќе шести ден е во кома, сместен во Клиничката болница во Штип, пренесе ММС.
– 63-годишнинот човек има крварење во мозокот и е во коматозна состојба. Стабилен е но во критична состојба, соопшти Марина Шуманска, портпарол на Клиничката болница.
Откако според сведочењето на д-р Зафиров од Итната медицинска помош од Кратово, пет часа бил носен на раце од селото до возилото, пацинетот е однесен до Здравствениот дом во Пробиштип, а од таму веднаш бил пренесен во штипската болница. Од тогаш, човекот е во коматозна состојба. Пред да дојде медицинската екипа, поминал 12 часа паднат на снег, на отворено, додека неговата 90-годишна мајка се обидувала да го загрее.
ММС го контактираше д-р Зафиров, кој по објавата на Фејсбук, уште повеќе се изнервирал, бидејќи неговиот пост не го сфатиле како апел до институциите, туку како настан за дневно политички препукувања.
– Емирица е кратовско село, кое многу далеку и до него од Кратово се оди по каллив и стрмен пат, затоа кога го добивме повикот за помош одевме преку Пробиштип и Злетово, па до браната, бидејки до тука има асвалт. Потоа продолживме по земјен и со кал и снег пат. Не ни кажав во постот колку пати заглавивме по патот и кои се маки ги тргавме додека да стасаме до пациентот. Селото е распрскано и мислам дека првите соседи му се преку еден рид, вели д-р Зафиров.
Целиот текст на ММС.