Изживувањето врз Миле Јанакиески продолжува. Откако Апелација пред пет дена му го укина домашниот притвор за случајот „ТНТ“, сега обвинителката Вилма Русковска бара нов, овојпат за настаните за „27 април“.
Русковска наведува дека постои опасност Јанакиески да се даде во бегство и да биде недостапен за органите на прогонот бара да му биде одредена мерка притвор каква што има за останатите обвинети за случајот „27 април“.
Рускоска смета дека Јанакиески како поранешен министер има многу контакти, како и реална можност да биде осуден и за други случаи со што го оправдува нејзиното барање за притвор.