-Загинаа наши браќа и сестри, меѓу кои и деца, а седум лица се повредени. Инцидентот однесе многу животи, а на семејствата им донесе неутешна тага. Во овие тешки моменти се сеќаваме на вистината за краткотрајноста на човечкиот живот, дека смртта доаѓа во миг и зема се… Во неделата во која се молиме за загинатите во сообраќајни несреќи, оваа најнова трагедија јасно ни покажува дека несреќите по патиштата се резултат на многу фактори. Со татковска грижа им се обраќаме на сите кои возат да бидат разумни и одговорни на патиштата. Искрено се молиме на нашиот небесен Отец да ги упокои душите на загинатите во тешката несреќа! Бог да ги прости и да ги упокои таму каде што почиваат праведниците! Изразуваме сочувство до семејствата на загинатите. Господ секогаш да им дава утеха!, се наведува во пораката со сочувство на патријархот Неофит.
Бугарскиот патријарх Неофит изрази сочувство за настраданите во автобуската несреќа: Загинаа наши браќа и сестри
Б
Бугарскиот патријарх Неофит изрази сочувство за настраданите во несреќата на македонскиот автобус на автопатот „Струма“ во Бугарија.