-Во тие рамки, од минатиот до ноември годинава, на поширокото тетовско подрачје вкупно биле санкционирани 59 технички неисправни возила кои вршеле превоз на патници. Најмногу мерки (12) биле изречени во текот на овој месец, потоа во март (9), мај (7) и така натаму. Најчеста неисправност констатирана кај санкционираните возила биле неисправни сопирачки, како и неисправни уреди за управување, додека кај неколку од нив недостигала и потребната опрема што требале да ја поседуваат, информираат од СВР Тетово.
Секторот за внатрешни работи Тетово упатува апел до возачите на автобуси и комбиња редовно да ја проверуваат техничката исправност, со што ќе придонесат за сопствената и за безбедноста на патниците кои ги превезуваат и за што се најодговорни. Истото се однесува и на фирмите-превозници, чија законска обврска е да обезбедат максимални услови за нормално и безбедно превезување на патниците, без разлика дали организираат локални, национални или меѓународни дестинации.
Во спротивно, тие ќе се соочат со законски предвидените поднесоци и со парични глоби, кои согласно Законотза возила за физички лица изнесуваат 400 евра во денарска противвредност, a за правните лица 2000 евра во денарска противвредност и дополнително 500 евра за одговорното лице.