Во период од 06.08 до 25.11.2021 на територија на државата 58.276 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 31% биле целосно вакцинирани, односно 17.896 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе месеци, 40.380, граѓани, односно 69% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани е голем, од 468 моментално хоспитализирани пациенти, 91 се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 25.11.2021 на територија на државата починале 1.986 пациенти со Ковид 19, 1.571 пациенти од починатите, односно 79% не биле вакцинирани, а 21%, односно 415 примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.
Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКоВ2.