Имено, по добиена пријава за објавен коментар на профил на телевизиска куќа, кој се однесува на трагичната автобуска несреќа во која загинаа 45 државјани на РМ, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презема мерки и активности и го утврди лицето кое стои зад напишаниот коментар со елементи на говор на омраза, а во соработка со полициски службеници од СВР Скопје беше утврдено дека ова лице е со место на живеење на подрачјето на СВР Скопје.

Од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика за случајот е испратено Известување до Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје, а по целосно расчистување и документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.