Премиерот Зоран Заев, во свое име и во име на Владата на Македонија изрази жалење за ужасната трагедија која се случи во Косово.
– Нема збор за утеха на родителите чии деца загинаа, ниту пак за сите граѓани на Косово кои се завија во црнина од изгубените животи. Заедно сме во жалењето со нашите мисли и посакуваме многу сила со која ожалостените ќе ги проаѓаат тагата и болката, објави Заев на својата Фејсбук страница.