На обвинувањата на опозицијата оти е „маша“ во рацете на Заев, Ковачевски вели оти не е ничиј човек, туку, како што изјави, „човек со интегритет и големо професионално искуство соодветно за позицијата претседател на СДСМ“ и оти како долгогодишен член на СДСМ ја очекува поддршката од многу сопартијци, актуелни и минати функционери. Ковачевски додава дека СДСМ секогаш била и мора да остане партија која обединува.
– Во овој процес многу е важно да го зајакнеме единството и да го мотивираме секој член да се приклучи на промените. Верувам дека со нова стратегија и реорганизација на партијата брзо ќе ја вратиме и зголемиме поддршката. Јас сум ослободен од внатрепартиски поделби и игри кои ги сметам за многу непродуктивни. Јас верувам дека можеме да ја вратиме поддршката веќе на следните избори, но само доколку граѓаните и членовите на СДСМ ја видат потребната промена во партијата и начинот на раководење и во Владата и во самата партија, вели тој во интервјуто за МИА.
Господине Ковачевски, официјално потврдивте дека ќе се кандидирате на внатрепартиските избори во СДСМ за претседател на партијата. Очекувате ли други кандидати и кои се вашите следни чекори, ќе водите ли кампањата до изборите?
Да, ќе се кандидирам и подоготвен сум да преземам одговорност. Но, СДСМ е голема партија и во неа има многу способни луѓе кои можат да бидат кадидати за претседател на партијата. Без разлика дали и колку други кандидати ќе има, очекувам достоинствена политичка дебата и избор на ново раководство кое ќе значи нова енергија за партијата, но и за државата.
Во овој процес многу е важно да го зајакнеме единството и да го мотивираме секој член да се приклучи на промените. Верувам дека со нова стратегија и реорганизација на партијата брзо ќе ја вратиме и зголемиме поддршката. Јас сум ослободен од внатрепартиски поделби и игри кои ги сметам за многу непродуктивни. Затоа во мојата комуникација ќе обединувам наместо да делам, а внатрепартиската дебата од моја страна ќе биде исклучително конструктивна.
Во партијата сега повеќе од било кога сите сме си потребни. Ќе треба да се научиме да се критикуваме за слабостите и да извлекуваме поука од нив за да ги менуваме работите кон подобро. Но исто така и да се почитуваме за стореното и да не забораваме.
Сите сегашни и минати функционери во одреден период придонесувале и работеле во интерес на граѓаните и сите тие мора да бидат почитувани од страна на новото раководство. Јас сум член на СДСМ од 1994 година и во изминатите речиси 30 години сум имал прилика да соработувам со сите минати раководства. Идниот претседател на СДСМ мора да има план како да ги вклучи и да ја обезбеди нивната поддршка. Самите избори пак мора да ги спроведеме ефикасно и демократски, а потоа да се фокусираме на решавање на проблемите од интерес на граѓаните. Тоа граѓаните го очекуваат од нас како партија, а не да се занимавме со бескрајни дебати и јас тоа нема да го дозволам. Граѓаните бараат решенија и работа.
Се добива впечаток дека премиерот Заев ве промовира, а ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека вие би биле само негова „маша“ во рацете. Како одговарате на овие коментари?
Претседателот Зоран Заев постигна извонредни резултати во својот мандат. Благодарение на неговата политика на отвореност и храброст за решавње на најтешките проблеми, денес сме сигурна и стабилна држава членка на НАТО и на чекор од преговори со ЕУ.
Но јас не сум ничиј човек, туку човек со интегритет и големо професионално искуство соодветно за позицијата претседател на СДСМ. Како долгогодишен член на СДСМ, очекувам поддршка од многу сопартијци, актуелни и минати функционери со кои успешно соработувам. Што се однесува до професионалната кариера, горд сум на се што постигнав во приватниот сектор работејќи на високи раководни позиции во меѓународни компании, академската кариера како професор, но и како претприемач во своја сопствена компанија. Затоа, воопшто не ме загрижуваат ваквите коментари бидејќи доколку станам претседател многу брзо ќе ги демантирам овие етикети со работа и резултати. Мојот фокус е токму на тоа – да донесам квалитетни промени кои граѓаните и нашите членови ги очекуваат, но и многу брзо ќе ги препознаат.
СДСМ историски најниско падна во на овие избори освојувајќу 230.000 гласови. Како планирате да ја вратите поддршката, знаете ли зошто се случи ова и какви промени треба да се направат?
СДСМ на овие избори на некој начин беше казнет од своите гласачи кои решија да останат дома или да гласаат за помали партии и независни листи. Добро е граѓаните да испратат порака кога не се задоволни бидејќи тоа не тера нас политичарите да ги менуваме политиките. Јас верувам дека можеме да ја вратиме поддршката веќе на следните избори, но само доколку граѓаните и членовите на СДСМ ја видат потребната промена во партијата и начинот на раководење и во Владата и во самата партија.
Прво, сметам дека е потребна поголема ефикасност во владеењето и исполнување на ветувањата, но и поголем фокус на реалните потреби на граѓаните. Владата на СДСМ храбро се посвети на решавање на историските проблеми со соседите и го отвори европскиот пат што одзема многу енергија и време. Сепак, тоа остави празнини во реалната политика како и реализација на ветувања и проекти. Ова мора да го унпаредиме преку поголем фокус на клучните проблеми дома, добар менаџмент од професионалци на сите позиции и одоговорност на секој функционер за својата работа.
Понатаму, сметам дека СДСМ мора да ја подобри комуникацијата со членството. Не може да ги бараме луѓето само пред избори или кога нешто и треба на партијата, туку постојано да ги вклчуваме, а нивниот глас да биде слушнат. И не е доволно само да биде слушнат туку и да видат дека тоа што го бараат и порачуваат се спроведува.
СДСМ мора да ги продолжи одличните социјални политики, покачувањето на минималната и просечната плата. Но, треба уште повеќе да зборуваме за решенија на проблемите за кои граѓаните зборуваат со семејствата, пријателите и кои им го отежнуваат секојдневнието. Партијата која владее треба да биде постојан контакт со реалните проблеми и на истите да има одговори.
Понатаму, потребно е одговорно владеење и недвосмислена борба со криминалот и корупцијата. Не се доволни успешни реформи на судскиот систем и добри закони. Граѓаните сакаат да видат дека сите ние како политчари со личен пример и во пракса го спроведуваме тоа. Потребна е поголема конзистентност помеѓу она што го зборуваме и она што го правиме и само така ќе ја вратиме довербата.
СДСМ секогаш била и мора да остане партија која обединува. На локалните избори дозволивме да се намали коалицискиот потенцијал на партијата, но се случија и внатрешни несогласувања што резултираа со поделби на изборите. Моја главна цел ќе биде да ја обединам партијата и да ги надминеме разликите.

Каков е вашиот став за европската агенда на земјава и предзивиците кои ни претстојат на ова поле. Каква треба да биде политиката на СДСМ на меѓународен план, што доколку не добиеме датум во декември?
СДСМ треба интензивно да ја спроведува европската агенда. Ова е пат по кој храбро тргнавме и мора да го доодиме. Ние сме суверена држава, која благодарение на СДСМ е членка на НАТО, безбедна и стабилна држава а со тоа и сами сме одговорни да ги решаваме пред се проблемите дома. Не може да очекуваме дека ЕУ или некој друг ќе ни ги реши проблемите. Приоритет мора да е домашната политика, подигање на животниот стандард на граѓаните, јакнење на економијата и од мене ќе слушате многу повеќе на овие теми. Јас сум човек кој силно верува во капацитетот на нашите граѓани. Во оваа земја се произведуваат делови за Мерцедес, работат наши врвни стручњаци во меѓународни компании по светски стандарди и тоа тука, дома. Значи, ние имаме знаење и луѓе да направиме многу повеќе сами за себе додека мудро и стратешки ги подобруваме позициите и се пробиваме на меѓународен план. Граѓаните мора да ја вратат вербата дека ние како држава можеме и умееме. Само така ќе можеме достоинствено да се избориме за добри позиции и меѓународно.
Да се вратиме малку на партиските промени. Ќе има ли кадровски поместувања во партијата?
СДСМ има според мене најдобар кадровски потенцијал во земјава. И во овој момент имаме одлични правници, инжењери, економисти и голем број млади образовани луѓе. Но, потребни се секогаш нови лица и привлекување на најдобрите од сите професии и области. Треба да најдеме начин да ги мотивираме да се вклучат во политичкиот живот и да ја вратиме довербата кај нив за да работат и помагаат за државата.
Гледате како во Бугарија се случи двајца дипломци од Харвард да ги освојат симпатиите на гласачите и за само два месеци од формирањето партија да победат. Ние мора да се научиме тоа да го почитуваме и да привлекуваме. Тие луѓе носат со себе и друг менталитет, други работни навики и ослободени се од предрасуди. Партиите се сложен организам, во кој има работа за секого и секој од нив да го добие заслуженото внимение и почитување.
Премиерот Заев рече дека претседателот на СДСМ ќе биде и премиер, доколку вие бидете иден претседател, дали сте подготвени и за функцијата премиер? Што може да очекуваат граѓаните и какви промени и требаат на Владата за подобро функционирање?
За тоа е навистина рано да се зборува, пред нас претстојат непосредни избори во партијата и фокусиран сум на нив и на програмата со која сакам да настапам пред членството. Што се однесува до Владата, без разлика дали ќе бидам јас премиер или некој друг потребни се секако промени. Владата мора ефикасно да работи на побрза реализација на сите проекти и капитални инвестиции. Новата влада мора да состави добар тим од професионалци кои ќе се справат со предзивиците на енергетската криза, економските политики, но секако и евроинтеграциите. Потребно е поцврсто владеење и поголема одговорност на сите нивоа од министрите па надолу. Се надевам дека во новата влада ќе има место за повеќе стручни луѓе и експерти во советничкиот тим на премиерот бидјеќи човечкиот потенцијал е клучен за добар менаџмент. Граѓаните бараат одговорност, реализација на ветеното и фокус на приоритетите и проблемите кои нив ги засегаат а тоа подобар живот и повеќе приходи.
За крај, кој е Димитар Ковачевски приватно?
Приватно сум оженет и горд татко на две деца. Секој слободен момент се трудам да го поминам со семејството, но и да најдам време за спортски активности бидејќи од млад сум многу активен. Граѓаните често може да ме видат на кеј каде редовно трчам.