– При вршење семејно насилство во семејната куќа на улицата „Мара Угринова“ во Гостивар, обвинетиот на 29 септември, ја загрозил сигурноста на сопствениот татко и сериозно му се заканил дека ќе нападне врз неговиот живот и тело. Во еден момент тој со двете раце го фатил татко му за вратот, но тогаш во просторијата влегла мајката на обвинетиот и успеала да го тргне, соопштија од гостиварското обвинителство.
За стореното кривично дело, јавниот обвините му предложи на Основниот суд Гостивар на обвинетиот да му определи условна осуда со утврдена казна затвор до три месеци.