– Тоа со сигурност ќе донесе нови предизвици, што се однесува до борбата против пандемијата. Меѓутоа, Кина има искуство по тоа прашање и апсолутно сум уверен дека Зимските олимписки игри ќе се одржат без проблеми како што е и предвидено, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лијан на конференција за новинари во Пекинг.
Кина изминатите неколку недели има по десетина нови позитивни случаи на Ковид-19 дневно, а новиот сој омрикон сè уште не е регистриран на кинеска територија.
На Зимските олимписки игри во Пекинг се очекува да учествуваат околу 2.900 спортисти. Сите учесници мораат да бидат вакцинирани против коронавирус и да минат 21 ден во карантин по доаѓањето во Кина. Исто така, спортистите и придружниот персонал секојдневно ќе бидат тестирани.