Тој напиша дека денеска го зазеленија Усје со 1200 аризонски чемпреси на површина од 5000m2, и дека со тоа ја подобруваат естетиката во овој напуштен простор и креираат и природен филтер против загадувањето.
– Аризонскиот чемпрес е дрво кое најдобро одговара на временските услови, а за некоја година ќе бидат вистински бели дробови на овој простор кои ќе штитат од загадување. И ова е само почеток, ќе следат уште многу вакви акции. Кисела Вода ќе стане подобра, поубава, чиста и зелена општина во која ќе биде горд секој нејзин жител, додава градоначалникот Ѓорѓиевски во својата објава.