Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ги побарале од авиокомпаниите имињата и деталите за контакт на секој патник што бил во Боцвана, Есватини, Лесото, Малави, Мозамбик, Намибија, Јужна Африка или Зимбабве во минатите 14 дена, повикувајќи се на појавата на Омикрон.
– ЦДЦ ќе ги предаде податоците за контакти на тие патници на релевантните државни и локални власти за јавно здравје со цел потенцијален надзор на јавното здравје, што може да вклучува препораки за тестирање, карантин и изолација, им порача ЦДЦ на авиокомпаниите.
ЦДЦ од 8 ноември побара од сите авиокомпании да собираат податоци од сите патници на меѓународни линии, но не бараше доставување имиња на патници.