Тој во неговото гостување изјави дека вицепремиерот Артан Груби покажува моќ благодарение на премиерот Заев кој му дал дел од „бомбите„ кој Заев ги поседуваше.
Хајредини истакна дека Груби поседува телефонски разговори и од кадри на ДУИ и со тоа ги држи во раце, а исто така напомена и дека ако некој се закачи со првиот вицепремиер тој користел и други методи.
-Заев му дал бомби на Груби и затоа тој се прави силен и никој ништо не му може. Тој може и со сила да го избрка генералниот секретар на Владата и нкому ништо, а со тие бомби Груби ги држи во раце и кадрите на ДУИ бидејќи тој има дел бомби и од нив. Има и други факти дека ако некој се закачи со Груби има и други последици а затоа имаше и пример.