Дваесет и три прекршоци направиле пешаците, а 11 санкции им се изречени на возачи за недавање првенство на минување на пешаци и 31 мерка за непрописно паркирање.

Од МВР информираат дека ќе продолжат со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот и во наредните денови, а до граѓаните апелираат да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.