ОВЕН
Чувствувате како голема препрека да се тргнала од вашиот пат и вие повторно можете да трчате слободни како дете. Ова е ден за безгрижност и целосно уживање во животот. Заборавете за момент на обврските.
Не бидете брутално искрени со луѓето кои ги сакате. Едно е да им давате совети, а сосема друго е сурово да им ја фрлате вистината во лице.
БИК
Во изминатиот период летавте со брзина на светлината низ обврските и работевте како да нема утре. Време е сето тоа да се промени, вашите најмили имаат потреба од вашето внимание. Денес погледнете ги во очи и разговарајте смирено со нив без да мислите на што треба да направите следно.
Нечии зборови ќе ви бидат како повик за будење. Наскоро ќе промените лоша навика.
БЛИЗНАЦИ
Ќе го започнете денот фокусирани на вас и на вашите потреби, но набрзо личност која зависи од вас ќе ви ги промени плановите за ден соло. Не можете да им кажете „Не“ на оние кои ги сакате, а нема ни да сакате да го правите тоа. Вашата пожртвуваност е ваша доблест.
Оставете ги тешките разговори за некој нареден ден. Нема да имате енергија за нив денес.
РАК
Време е за промени во вашето срце. Денес многу лесно ќе се убедите да го отворите срцето за нова љубов и ќе се чувствувате неверојатно. Ако во изминатиот период се плашевте да на бидете повредени, тој страв повеќе нема да постои.
Ако сте веќе во врска, побарајте советите на вашиот сакан при носењето на важни одлуки. Покажете му дека неговото мислење ви е важно.
ЛАВ
Излезете од вашата комфорна зона и започнете да експериментирате. Денес нема повеќе да ве усреќуваат вообичаените активности кои секојдневно ги повторувате. Денес ќе копнеете по новитети кои ќе прават да се чувствувате живо и енергично.
Не навлегувајте во расправии со тврдоглави личности кои не прифаќаат различно мислење од нивното.
ДЕВИЦА
Изгледот ќе ви биде и тоа како важен денес. Можеби ќе поминете повеќе време пред огледалото, но ќе изгледате совршено од глава до пети. Елегантно е чекорите низ денешниот ден, привлекувајќи и погледи и комплименти.
Некои девици ќе забележат дека имаат дарба за комбинирање на облеката и ќе започнат да размислуваат да направат чекори во модниот свет.
ВАГА
Колку и да сте далеку или блиску до дома, денес ќе ви недостасува личност со која сте крвно поврзани, но која не можете да ја видите. Чувства кои долго време сте ги потиснувале ќе испливаат на површина и ќе ве направат носталгични.
Не дозволувајте чувствителноста да ве фрустрира, туку следете го срцето.
ШКОРПИЈА
Заборавете на срамежливоста, пукнете го вашиот балон и освојте го светот. Вашата насмевка ќе биде заразна, а вашиот шарм недостижен. Флертувајте со оној што ви се допаѓа и гледајте како се раѓа вашата љубовна приказна.
Веќе имате партнер? Направете нешто спонтано и изненадете го! Монотонијата не треба да ви ја обземе врската.
СТРЕЛЕЦ
Држете го телефонот блиску до вас. Вашите пријатели ќе имаат потреба од вашите совети, од вашата итрина и од вашиот оптимизам. Не пропуштајте ниту еден повик или покана за средба, бидејќи можете да им го промените животот на блиските.
Плановите можеби нема да одат онака како што вие сакате. Но, убавото нешто е што одлично ќе се адаптирате на промените.
ЈАРЕЦ
Не бидете нетрпеливи. Во изминатиот период направивте прекрасни промени во начинот на живот, но не очекувајте резултатите да дојдат преку ноќ. Морате да си дадете време.
Не мислете дека залудно ги надминувате пречките на вашиот пат. Наскоро ќе уживате во глетката пред себе.
ВОДОЛИЈА
Денес ќе привлекувате личности какви што и самите сте. Ако сте среќна личност која верува во подобро утре, ќе се опкружите со оптимисти. Но, ако постојано се жалите и кажувате колку е суров животот, околу вас ќе се наредат само песимисти.
Од вас зависи каков ќе биде денешниот ден. Дајте сè од себе за да го започнете денот со широка насмевка и позитивен став.
РИБИ
Денес ќе бидете на вистинското место во вистинското време за да запознаете личност која наскоро ќе ви стане и најдобра пријател. Да, сосема случајно вие ќе запознаете некој што ќе ве освои со својата добрина. Не ги одбивајте подадените раце.
Можно е да слушнете дека некој ви зборува зад грб. Насмевката е најдобрата одмазда.