– Сигурен сум дека ја разбра мојата порака, изјави Бајден пред Белата куќа пред да замине за Канзас Сити.
На прашањето од новинарите дали ќе ја вклучи американската војска на терен за да ја запре Русија, Бајден рече дека опцијата „не е на маса“ и дека обврската на САД да ги штитат сојузниците во НАТО не се однесува на Украина, која не е во Атлантската алијанса. .
Бајден рече дека САД, нејзините сојузници и Русија треба да седнат и да разговараат за жалбите на Москва за проширувањето на НАТО.
– Се надеваме дека до петок ќе можеме да најавиме состанок на високо ниво, најмалку четири главни членки на НАТО со Русија за да разговараат за загриженоста на Москва во врска со проширувањето на Алијансата и што можеме да направиме за да ја намалиме температурата долж Источниот фронт (во Украина), појасни Бајден.
Путин ветил дека Москва за неколку дена ќе ги испрати своите предлози за решавање на безбедносните прашања до САД. Тој повтори дека не планирал напад на Украина, но рече дека Москва не може да остане рамнодушна на можното проширување на НАТО.