Бугарија не се откажува од уништувањето на македонизмот. Тоа е нивната трајна политика и од неа нема да има отстапувања, вели за Лидер поранешниот амбасадор и дипломат Ристо Никовски. Ставот на Буарија дека само Албанија е подготвена да ги започне преговорите е зациментиран и очекуван, вели Никовски. Дури и да отпочнат преговорите, допрва на Македонија и следат непремостливи голготи, кои Бурагија ќе ги води заедно со Грција.
-,,Сето ова што се случува во Софија е сосема нормално и очекувано бидејќи само најнаивните веруваат дека таму ќе биде променет ставот кој е зациментиран со најофицијана процедура. Прво БАН, Владата, и Декларација на Собранието. Тоа е трајна бугарска политика и сите поинакви очекувања немаат никаква врска со реалноста. Македонија мора да сфати дека тоа е така и решението мора да го бараме сами.
Софија има притисок од странство дека треба да се бара решение, но тоа решение сите и велат да го бара со Македонија. Никој до сега не ја искритикува Софија да таа сфати дека ова што го прави е неприфатливо. Тоа е реалноста, тоа е ситуацијата.
Ако Македонија сака да оди кон Брисел треба по итно да го откаже Договорот за непријателство, за несоработка и за недобрососедство. Тоа е единствено решение.
Се друго не води во еден маѓепсан круг кој ќе не држи во еден ќорсокак и кој ќе трае многу долго.И да се разбереме сега во прашање е само почетокот на преговорите за членство. И тоа е само бугарска тактика, да ја зајакнат својата позиција во унишувањето на македонизмот.
Тоа е нивната трајна политика и од неа нема да има отстапувања. И меѓутоа велам, прашање е сепак кога ти ќе не пуштат да преговараме а тоа е почетокот на нашите непремостливи голготи. Во секое од сите 35 поглавја ќе има сопки и од Бугарија и од Грција. Тое е јасно и на секој кој и малку се разбира малку од овие работи и тоа ќе биде последното кастрење, уништување на македонизмот. Така да, проблемот е во Договорот со Бугарија и ако сакаме решение мора да го откажеме“, вели за Лидер Ристо Никовски.