Од Министерството за здравство на Грција соопштија дека „против претседателот на ПОЕДИН и против сите одговорни за ширење лажни вести и клевети за наводно постоење кревети на интензивна нега, што се чуваат за одбрани личности и не им се на располагање на пациентите“, Плеврис, до обвинителот од Врховниот суд поднесе пријава за кривични дела.
Додаваат дека оние кои шират лажните вести ќе бидат повикани да одговараат, бидејќи „провокативно ги клеветат лекарите, болничарите и персоналот на брзата помош, кои се во првата линија во справувањето со пандемијата“.
Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, објасни дека критериумите за прием на Одделите за интензивна нега се исклучиво медицински и „незамисливо е било какво делење на пациентите“.
Додаде дека конкретните тврдења „ги навредуваат здравствените работници, научниците, лекарите кои исклучиво со медицински критериуми носат одлуки за тоа кој ќе влезе на итензивна нега, а кој не. с