-Им благодариме на сите советници на општина Желино кои на денешната седница покажаа висока свест и политичка зрелост и кои наместо да ги опструираат проектите на општината решија да поддржат проекти од кои корист ќе имаат нашите граѓани, изјави градоначалнико Бљерим Сејди.
Советот е составен од 19 членови-по осум имаат Движење Беса и ДУИ, двајца од СДСМ и еден од Алијанса за Албанците.