-Ние веќе доставивме меморандум за соработка и рамка, во однос на параметрите што нам ни требаат за да функционираат нашите електрани, во однос на квалитетот на јагленот што треба да се увезе од Косово.
Очекуваме во рок од три, најдоцна четири месеци, да склучиме договор за наредните пет години за увоз на јаглен од Косово, сѐ со цел да имаме константно производство на електрична енергија во нашите термоелетрани, изјавил Бектеши за ТВ Телма.
За две недели очекува косовските власти да му кажат колку количини може да обезбедат, додека цената се уште не е договорена.
Тој денеска се сретна со својата колешка Артане Ризваноли, а на средбата се договориле да се потпише Меморандум за разбирање меѓу Македонија и Косово со кој ќе се обезбедат потребните количини јаглен за производство на струја од домашните енергетски капацитети.