-По испитувањето на околностите, ни стана јасно дека тоа е предизвикано од електрична кратка врска во магацин во кој имало количество боци со кислород и гас наменети за пациенти со коронавирус, се наведува во соопштението на милитантната група.

„Пожарот оштети некои имоти и загубите беа ограничени“, се додава понатаму во соопштението на Хамас, цитирано од ДПА.

Палестинската исламистичка организација ги отфрли како неосновани извештаите дека експлозијата се случила во складиште за оружје што му припаѓа во палестинскиот бегалски камп Бурџ ал-Шимали во јужен Либан.

Неколку експлозии ноќеска го потресоа кампот, што се наоѓа на неколку километри од јужниот либански пристанишен град Тир.

Според палестинската Црвена полумесечина, во инцидентот полесно се повредени од десет до 12 лица.

Либанската државна агенција ННА, пак, објави дека во кампот експлдоирало складиште за оружје на Хамас.

ДПА пренесува дека Хамас денеска ја осуди, како што ја нарече, „кампањата за дезинформирање на медиумите и ширење на лажни вести што го придружуваа настанот“.

Се додава дека објавеното за причините за инцидентот и за смртта на десетици лица не е ништо друго туку „лажна вест“.