Според последните информации од Централната изборна комисија, до 14.00 часот, гласале 27.248 членови на СДСМ, односно 47% проценти од активно регистрираните членови.

Гласањето трае до 19 часот. По затворањето на гласачките места и по обработка на пристигнатите податоци, вечерва Централната изборна комисија на СДСМ ќе ги соопшти резултатите за вонредните внатрепартиски избори. СДСМ поставува нови, највисоки стандарди на македонската политичка сцена и македонската демократија, СДСМ својот претседател го бира на внатрепартиски, непосредни избори.