Во 83-та година од животот, како последица на Паркинсонова болест, почина легендарниот шпански тенисер и прв освојувач на златен олимписки медал во историјата на белиот спорт, Мануел Маноло Сантана.
Роден во Мадрид, легендарниот Сантана беше најдобар светски тенисер во текот на 60-те години од минатиот век кога освои четири грен-слем титули (Ролан Гарос 1961, 1964, Вимблдон 1966, Ју Ес Опен 1965)
Во кариерата освои вкупно 69. АТП турнири, вклучувајќи го и олимпискиот турнир во Мексико 1968, а ја предводеше и Шпанија до нејзината прва, од вкупно осумте досега, Дејвис куп титули.
Од Сантана се прости целиот тениски свет, а последен поздрав упати и неговиот сонародник и еден од најдобрите светски тенисери во последните две децении Рафаел Надал.
– Ќе ни недостасуваш Маноло. Во моите мисли секогаш ќе бидеш посебен и единствен. Никогаш нема да те заборавиме, а на твоето семејство му посакуваме да биде силно во овие тешки моменти, напиша Надал.