Тој истакна дека посебен акцент се става на европските интеграции, односно тоа што е определба на ВМРО-ДПМНЕ, односно приближување на вредностите кон европскиот систем, реформирање на законите и ниво имплементирање, за да може истото тука да профункционира.
– Да ги следиме европските текови, за можеме во пракса да станеме дел од ЕУ, нешто што е наша програмска определба, Како државотворна партија и како партија којашто е најголем генератор на јавни политики очекуваме во следниот период да ја партиципираме власта и практично преку оваа Доктрина да дадеме вредност во општествениот систем во Македонија и да креираме развој, рече Јорданов.
Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која долгорочно работи на реформите кои се неопходни за да се креира развојот.
– Во здравството и образованието знаете дека состојбата не е на посакувано ниво и тука ни се потребни суштински промени и реформи. Но исто така потребни се реформи во економското дејствување, потребни се инвестиции и можности граѓаните да останат да егзистираат да работат во Македонија и да го стопираме иселувањето на младите кадри, изјави Јорданов.