– Акцијата се спроведе во соработка со екипите на ЈКП „Илинден“ и општествено одговорни компании, а собрани и транспортирани се кабаст отпад, градежен шут и мешан комунален отпад. Активностите ќе продолжат и во текот на наредните денови, сѐ додека локацијата не биде целосно исчистена – информираат општинските власти.
Градоначалникот на Општината, Александар Георгиевски, истакна дека со отстранувањето на дивите депонии, значително ќе се придонесе за намалување на загадувањето на воздухот, ќе се елиминира потенцијалната опасност од загадувањето на подземните води и почвата, како и подобрување на животната средина.
Од Општината апелираат до сите граѓани да го почитуваат Законот за јавна чистота, да не го оставаат ѓубрето на недозволени места и со своето однесување и еколошка свест да придонесат за поздрава и почиста животна средина.