Нацрт-резолуцијата ја изготвиле Ирска и Нигер и во неа се бара „вклучување на информации за безбедносните импликации од климатските промени“ за да може Советот за безбедност на ОН „да посвети соодветно внимание на сите основни причини за конфликт или зголемување на ризикот“.
Од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, исто така е побарано да ги направи ризиците за климатската безбедност „централна компонента“ на стратегијата за спречување конфликти и да поднесе извештај за тоа како да се решат ризиците во одредени жаришта.
Од 193 членки на ОН, 113 го поддржаа предлогот, вклучително и 12 од 15-те членки на СБ.
Сепак, Индија беше против, Москва стави вето, а Кина беше воздржана.