Новиот бугарски премиер Петков ова го најави ово интервју за Фајненшл Тајмс, објаснувајки дека Софија сака 100 проценти да биде на линијата на НАТО и ЕУ За новиот план Петков веке разговарал со премиерот Заев. Во телефонскиот разговор тие се договориле двете страни да формираат работни групи од сите области кои ке работат за поврзување и надминување на блокадата. Петков очекува дека промените во Софија но и во Скопје, ке донесдат нов квалитет во преговорите.
Премиерот Заев на ФБ го поздрави предлогот на Петков за формирање работни групи како начин за унапредување на односите мегу двете земји.
-Во разговорот изразивме подготвеност да ја забрзаме нашата комуникација и соработка низ повеќе работни групи во областите на економијата, културата, здравството, енергетиката, инфраструктурата и други области од интерес на македонските и на бугарските граѓани.
Интензивирање на секторската соработка мегу Бугарија и Македонија предвидува и договорот на коалиционите партнери во Софија, од кои сите не ја делат флексибилноста и оптимизмот на премиерот Петков. Во делот на документот посветен на надворешната политика се предвидува новата Влада да ја задржи единствената позиција кон Скопје, да се обезбеди заштита на македонските грагани со бугарски идентитет и да продолжи со работа историската комисија. Петков вбеке накави дека ке ги прифати забелешките на популаистичката Има Таков Народ од македонските учебници да се избрише дека Бугарија била фашистича во ВСВ.