Тој во Приштина ќе има средби со неговата косовска колешка Вјоса Османи-Садриу, со претседателот на Парламентот на Косово, Глаук Коњуфца и со премиерот Албин Курти.
Како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, претседателот Пендаровски со државни и воени почести ќе биде пречекан од Османи-Садриу по што ќе одржат тет-а-тет средба, а ќе следи и пленарен состанок на делегациите на двете земји.
Во рамки на престојот во Косово, претседателот Пендаровски во Пеќ ќе ја посети Регионалната команда на КФОР – Запад и припадниците на македонскиот контингент во составот на Мисијата.