На територија на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, пет за нерегистрирани возила.
Изречени се шест мерки за непочитување на првенство на минување, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), 32 за непрописно паркирање.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.