Поранешниот амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев, во изјава за Лидер, темелно ги коментира позициите на Бугарија и предлогот на новиот бугарски премиер Кирил Петков -Спроведување на „шестмесечна рамка за надминување на спорот со нов почеток во разговорите со Северна Македонија“.

Верува во намерите на Петков и е оптимист дека спорот ќе се реши, но не за толку кус период. Најпрво треба да се формираат работни групи, да се створи доверба меѓу нив, да изградат еден искрен начин на делување а за тоа се потребни две години вели Ѓорчев.

Поранешниот амбасадор вели и дека постои и друг начин на решавање на спорот а тоа е по пат на медијаторство, но фактурата која ќе ја испорача меѓународната заедница ќе бида прескапа и Македонија и за Бугарија.

-По мое видување ако ние сакаме да постигнеме Договор со Република Бугарија треба да изградиме кон нив доверба, дека тие имаат желба имаат намера да ги подобрат односите со нашата држава Република Македонија и во тој контекст да ја откочат блокадата и да го овозможат нашиот европски пат да продолжи со датум за почеток на преговори.
Јас сум оптимист во насока на тоа дека на Бугарија и треба Македонија, како земја членка која преговара со ЕУ заради повеќе причини. Пред се она што претставува живот во двете држави, тоа е економија, тоа е транспортот, тоа е енергетиката, тое е културата,спортот, инфраструктурата, граѓанските иицијативи. Ние треба да ги следиме примерите на граѓаните на двете држави ,кои ни покажуваат како можат да соработуваат двете држави.
Јас имам вреба дека она што го предлага еден човек кој завршил на Хардвард, кој што е воспитаник на американскиот граѓански систем на уставниот ред и поредок кој што ги афирмира граѓанските вредности дека неговиот предлог е во склад со тоа што претставува современото светско општество. И тука тие работни групи треба да допринесат да се определи што е тоа што не обединува како два народа, две држави, граѓани на двете држави и да видиме што е тоа што не разделува.
Тоа што не разделува треба да се работи со посебна методологија како да изградиме заеднички пристап, тоа што не поттикнува да работиме заедно треба да го внедриме во една да речеме препорака до ЕУ дека ние имаме многу нешта заеднички.

Ѓорчев смета дека за да се реши спорот потребен е подлг рок од оној кој го предлага бугарскиот Премер, Петков. Според него најоптимален период се две години.

 

-Но јас не сум толку голем оптимист, јас мислам дека тоа ќе трае. Работните групи ќе треба прво да се запознаат, да се стекне довреба помеѓу луѓето кои работат, па да се направат програмски определби на програмските групи, па да се дојде до решавање на проблемите , да се предложат решенија, перцепции, визии. И јас очекувам дека тој процес ќе биде некаде помеѓу година, година ипол па можеби и две, затоа што и не треба ние да брзаме.
Она што претставува наша внатрешна работа во реформските процеси е наша работа.

Ние си одиме по две клучни сегменти кон ЕУ. Тоа е Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Ние сме сега во втора фаза. Извонредно добро ја сработивме првата фаза од 2001година до 1 јануари 2019 година, сега сме во втора фаза во делот на финансиски трансакции, берзански тарнсакции, домашни и меѓународни, девизни сметки. Вториот дел е Европското партнерство. Тие се двата фундамента, нашите преговори. Ништо нас не ни значи дали отвараме поглавја. Има 10 поглавја во Спогдобата од 2001 или отвараме од 35-те поглавја, или 6 те кластери кои што се сега во преговарачката рамка, дали отвараме кластер 3 или кластер 5 ли отвараме поглавје од Спогодбата за асоцијација.

Треба да бидеме реални. Тоа што си е наша домашна работа да си ја завршиме. Значи во одделни работи, владеење на правото, човекови права и граѓански слободи, слободи на медиумите, елиминирање говор на омраза, она што се внатрешни работи во една држава. А со Бугарија да видиме..

Тука се работи за државност, за државотворност, се работи за нација се работи за јазик, тука треба да бидеме внимателни со чувство на мерка и допусливост на изразот, да работиме со Бугарија со почит кон нивните ставови, почит кон нивната истриографија, но никако да дозволиме наметнување на патренализам, нерамноправност, да нема реципроцитет. И тука со таква една искреност ќе постигнеме, според мене успех во едена година или по и двегодишен период, откако ќе се запознаат луѓето.

Како што на пример, академик Владо Камбовски и академк Стафн Воденичаров градеа 7,8 години извонредна соработка, 33, 34 проекти кои што во Македонија никој и не ги споменува. Ама за тоа требаше 7,8 години. Јас бев 4 години во Бугарија, дел од тие проекти затекнав и сметам дека ние треба да гледаме на долг рок. Не се постигнува нешто само од дневна политика, денес треба, утре, 15 дена…

Решение за спорот со Бугарија може да има и по пат на медијаторство, вели Ѓорчев, но фактурата која ќе ја испорача меѓународната заедница ќе биде со висока цена.

-Јас сметам дека ни требаат две години да стекнеме доверба да изградиме почит еден кон друг, да ги кажеме искрено работите…Еве ова ние не можем,е да го прифатиме, дали вие ќе попуштите, дали ние ќе попуштиме… дали ќе го оставиме тоа кога ќе ја отвориме рамката за преговори, кога ќе ја тргнете блокадата, па во следните, според мене 7 до 10 години, оти јасно рече Меркел во Брдо кај Крањ, во септември дека нема за земјите од Западен Балкан шанса до 2030 г. да влезат во ЕУ. Значи имаме долг период на време ,тоа што ни одговара, тоа што не разделува да го решиме можеби и со медијација на европската хуманситика, европската наука, европската култра,историја.

Тоа што е наша домашна работа е наша домнашна работа, тоа што е билатерален однос кон Бигарија да го градиме на сосема други односи отколку што сега го градевме. Ако притискаме , ако одиме бараме нешто, тие бараат, тоа ќе биде краткорочно палијативно, нема да донесе резултат и сметам дека тоа е само на база на дневна политика.

Република Македонија како држава постои 77 години и ќе продолжи според мене уште многу години, многи децении и не треба да брзаме, треба да си го работиме тоа што си е наше да го зголемуваме животниоот стандард на населението, да го зголемуваме економскиот раст, да овозможиме либерализација на економијата, туризам, развој на култрните врски, спорт, и така ќе дојдеме до посакуваната цел еден ден да се најдеме таму.
Тоа со Бугарија ќе се реши. Ако не можеме ние да се договриме, има маедијација, таа фактура ќе биде скапа и за бугарите и за нас, ниту тие ќе поминат лесно, ниту ние.Секоја фактура која ќе ја испорача меѓународната заедница е сакапа фактура и тешко се враќа и треба да бидат свесни македоските граѓани дека во таков еден тежок спор кој влече длабоки корене и не го менува ставот кон Македонија од 1878 г, така да тоа се веќе 140 години втемелени, вкоренети ставови, кон Македонија како старатегија, геополитика и тоа треба да го имаме в предвид.

Така што мислам дека решението е во долгорочноста . Не треба да брзаме, треба да поставиме темели на на преговорите, потоа да ја изградиме куќата и потоа следи последната димензија, да го поставиме кровот и оџакот за да може да влеземе во ЕУ, вели Ѓорчев за Лидер.