Од изречените казни, 11 се за движење со брзина над 50 километри на час поголема од дозволената, а една за возило кое се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 55 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 87 надвор од населено место.
– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведуваат од МВР.